Оле Гунар
Солскјер има големи шанси да го предводи тимот на Манчестер јунајтед од клупата
на подолг рок, откако Норвежанецот е одличен на стартот од таа негова авантура
која трае како од бајките.
Мирор пишува дека
Солскјер е во пол позиција најмногу поради импресивниот старт и одличните
резултати, но, и поради фактот што другите опции за Манчестер јунајтед веќе
полека но сигурно пропаѓаат.
Челниците на
тимот од Олд Трафорд се уверени во тоа дека ќе биде неверојатно тешка мисија да
дојдат до потписот на Маурисио Покетино, а првиот човек на Тотенхем, Даниел
Леви е исклучитечно тежок во преговорите, што е сосема познато, па извесно е
дека аргентинскиот стратег ќе го предводи Тотенхем и на новиот стадион, нешто,
што е од големо значење за тој клуб.
Покетино воедно и
во неколку ситуации даде изјава за неговата иднина, каде јасно посочи дека е
максимално посветен на Тотенхем, надевајќи се на трофеј во иднина со тој клуб.
Од друга страна
пак, Зинедин Зидан, кој исто така беше наведен како опција, и покрај тоа што
изминатиов период го изучува англискиот јазик, сепак, Французинот е во
неможност да го говори тој јазик онака како што се очекува од него, што е
големо предупредување за Премиерлигашот.