Сантијаго Солари
не чекаше многу за да му се „реваншира“ на Пеп Гвардиола, откако шефот на
стручниот штаб на англискиот првак Манчестер Сити, во пресрет на вчерашното
гостување кај Њукасл во Премиерлигата, кое неговиот тим го загуби, издвои три
екипи кои биле најдобри во последната декада од овој спорт.
Гвардиола ги
посочи Барселона, Баерн Минхен и Јувентус, како најдобрите екипи во фудбалска
Европа последната декада, а тренерот на Реал Мадрид смета дека Гвардиола тоа го
сторил намерно.
„Мислам дека тоа
го стори со намера, не случајно не’ подзаборави. Ние не сме клуб кој е најдобар само во последната декада, туку
и во целата историја на овој спорт, причината за тоа дека сме најдобри е
едноставна, ние не потценуваме никого, никогаш, без разлика на околностите“
издвои Солари.