Бразилецот од
редовите на Реал Мадрид, Марсело, се шпекулира дека е голема желба на
италијанскиот првак Јувентус, особено по трансферот на Роналдо во Торино, но,
шефот на стручниот штаб на Кралевите, Сантијаго Солари посочи зошто Бразилецот
ќе остане во Мадрид.
„Марсело е нашиот
втор капитен, тој е 100 проценти мадридиста, ние од сите фудбалери сакаме да го
извлечеме максимумот“ рече Солари по синоќешното реми кај Барселона од 1-1 во
првата пресметка од полуфиналето во Копа дел Реј.
Сепак, и покрај
ваквите изјави на Солари, 30 годишниот бек беше на клупата за резервни
фудбалери на три од последните четири меча кои ги одигра Реал Мадрид во Примера, а Марсело
воедно беше и критикуван поради неговото очајно издание на Камп Ноу синоќа.