105
Зенит од Санкт
Петерзбург иако постигна гол на гости а загуби минимално со 2-1, во реваншот
пред своја публика не го искористи домашниот терен и одигра само 1-1 против
Лајпциг, по што доживеа елиминација од Лига Европа во осминафиналето.
Сепак, веста од
тој меч е повредата на најдобриот руски фудбалер, Александер Кокорин, кој
принудно мораше да биде заменет по само осум минути од мечот.
Кокорин забележа
повреда на лигаментите а со тоа дефинитивно ќе го пропушти Светското првенство
кое ова лето се одржува токму во неговата земја.