Со поразот од ПСЖ во Баерн заврши една голема ера

by Стефан
1 минути читање

Томас Милер,, денеска го одигра својот последен натпревар во дресот на баварскиот гигант, и тоа против ПСЖ. Со ова завршува една златна ера во кариерата на легендарниот офанзивец кој целиот свој фудбалски пат го врза со минхенскиот клуб.

Милер стана дел од Баерн уште во 2000 година, кога пристигна како младинец. Седум години подоцна го направи првиот чекор во сениорскиот фудбал, преку вториот тим на клубот. Во 2008 година дебитираше за првиот состав, а од тогаш па наваму стана незаменлив дел од тимот.

Во импресивната кариера со Баерн, Милер запиша над 750 настапи, постигна 250 голови и забележа 276 асистенции. .

Томас Милер засекогаш ќе остане врежан во срцето на навивачите како симбол на клубот и човекот кој со својата лојалност испишуваше историја во Минхен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×