Снајдер открива: Пред финалето во ЛШ, Мурињо му даде писмо на Матераци, на него го пишуваше точниот резултат!

by
1 минути читање

Фудбалерите кои беа дел од историската тројна круна на Интер, се уште со задоволство се присетуваат на тие моменти иако тоа станува се подалечно минато.

Снајдер сега открива дека Мурињо на Матераци му оставил писмо и му рекол да го отвори откако ќе заврши натпреварот, во писмото го пишувало точниот резултат.

„Врската меѓу Мурињо и Матераци беше посебна, неколку недели пред финалето тој го викна кај него во канцеларија и му рече: „Тука има писмо, ќе го ставам во фиоката. Отвори го по натпреварот“, вели Снајдер.

„На писмото буквално го пишуваше резултатот од финалето против Баерн Минхен. Да го кренете пехарот во Лигата на шампионите е сон на секое момче, кога ми дозволија да го допрам, тоа беше посебен момент кој никогаш нема да го заборавам“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани