Шмајхел: Срамно ја браниме титулата во Премиерлигата

by
1 минути читање

Синоќа се случи уште едно разочарување за навивачите на Лестер, Манчестер јунајтед многу лесно стигна до трите бода кај актуелниот англиски шампион победувајќи го со 3-0.

Тимот кој лани беше вистинска сензација, оваа сезона изгледа непрепознатливо и се бори за опстанок.

„Ние сме актуелни шампиони и искрено оваа ситуација во која се наоѓаме е страшна, срамна“ – вели Шмајхел.

„Ајде да не зборуваме за минатата сезона, таа помина како што може да видите“.

„Сега треба да напредуваме, време е секој од нас да истапи и да се бори да се промени ситуацијата бидејќи доколку не се случи тоа ќе испаднеме, а тоа никој не го посакува“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани