Денеска на стадионот во Чаир се случи голем инцидент во кој навивачи на Шкупи влегоа на терен и ги нападнаа фудбалерите на Шкендија.
„На вонредна седница по повод инцидентот на денешниот натпревар Шкупи – Шкендија од 1/4 финалето од Купот на Македонија, Комисијата за натпреварување на ФФМ донесе одлука тимот на ФК Шкендија, службено со 3:0 да го добие натпреварот со ФК Шкупи.
Теренот на ФК Шкупи, стадионот во Чаир, се суспендира за одигрување на првенствени и куп натпревари. ФК Шкупи се предава на Дисциплинска комисија на ФФМ.
ФК Шкупи мора да пријави терен за одигрување на натпреварите како домаќин најмалку 100 километри оддалечен од стадионот Чаир во Скопје“, стои во соопштението на ФФМ.
Дисциплинската комисија при ФФМ дополнително ќе одлучи колкава ќе биде казната за Шкупи, но таа мора да биде голема.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.