Ел Паис пренесува
дека учестовото на „Црвената Фурија“ на Светското првенство следната година е
под знак прашалник.
ФИФА испратила
писмо до Фудбалската федерација на Шпанија и порачала дека мешањето на владата
во изборите за нов претседател може да донесе суспензија, а со тоа и исфрлање
од мундијалот во Русија.
Според Ел Паис,
предлогот на Високиот спортски совет за нови избори се гледа како мешање на
владата во управувањето со федерацијата.
Анхел Мариа Виљар
беше уапсен во јули 2017 поради корупција по само два месеци откако доби нов
мандат за прв човек на ФФШ. Тој технички се уште е на оваа позиција и покрај
тоа што е суспендиран.
Хуан Луис Лареа е
в.д. претседател, но Високиот спортски совет бара да се спроведат нови избори,
и токму ова е причината за писмото на ФИФА.
Доколку Шпанија
навистина биде суспендирана од светската куќа на фудбалот и исфрлена од
мундијалот, се отвара врата за Италија да се појави во Русија.
Но се чини дека
ова е само лажна надеж за „Аѕурите“, исто како и вестите од минатиот месец кога
се најавуваше дека Перу би можел да биде суспендиран од страна на ФИФА исто
така така за мешање на државата во федерацијата.