Шкупи во Гибралтар по заверка на пласманот во следното коло и најмалку уште три европски двобои ова лето

by
1 минути читање

Чаирскиот тим има голема предност од првиот натпревар, па какви и да се условите на теренот во Гибралтар, позитивата треба да се задржи.

Ако нема некое големо изненадување, Шкупи ќе се пласира во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, а таму ќе го чека Динамо Загреб.

Доколку Шкупи загуби од Динамо Загреб, ќе игра меч од третото квалификациско коло во Лига Европа, а да го загуби и тој меч ќе има уште една шанса за групна фаза, тоа е дуел од плеј-офот за пласман во Конференциската лига.

Значи, Шкупи со елиминација на Линколн, добива уште три европски дуели, ќе има загарантирано лето на интернационалната сцена, а ако елиминира уште еден тим од тие три, ќе си обезбеди и европска есен во групна фаза на некое од натпреварувањата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани