Мечот е службено регистриран со победа на Шкендија, а теренот на Шкупи е суспендиран. Дисциплинската комисија при ФФМ дополнително ќе треба да ја одреди висината на суспензијата.
Од клубот ги осудија навивачите кои го направија инцидентот, велат дека тие не го сакаат Шкупи и ќе се борат против нив.
„Почитувани навивачи, ние како клупско раководство веќе три-четири години се трудиме да дадеме сè од себе за Шкупи да расте со сите сили и да го избалансира своето име, па правиме цврсти чекори во таа насока. Наша цел е да му дадеме наша боја на домашниот фудбал, да се кренеме повисоко во Европа и да ги направиме вистинските навивачи горди и да ги доживеат победите на својот омилен тим.
Да, спортистот треба да е морален и љубезен, но грубоста и неморалот на еден фудбалер никогаш не може да биде објаснување за тоа што се случи денеска. Сакаме да бидеме клуб за кој се зборува за неговите победи, за неговиот раст, да се зборува за бојата која му ја дава на фудбалот и такви ќе бидеме. Знаеме дека вистинските навивачи никогаш не му наштетуваат на својот клуб и застануваат против тие што му наштетуваат.
Нема шанса тие што ги направија овие работи денеска да бидат поддржувачи на Шкупи и да го сакаат Шкупи. Им се извинуваме на вистинските навивачи на Шкупи, на фудбалската јавност, на татковците и мајките кои своите деца ги донесоа да гледаат фудбал, за денешните настани.
Ветуваме дека ќе се бориме до крај со тие што се обидуваат да му наштетат на нашиот омилен клуб, без оглед на цената. Нема да дозволиме да го попречат растот и развојот на овој клуб“, стои во соопштението на Шкупи.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.