68
Поради настапот во Европа, Шкупи беше ослободен во првото коло, неговиот меч беше одложен, па шампионот денеска тргна во новата сезона од ПМФЛ.
А во неа го совладаа тимот на Македонија Ѓорче Петров со 2-1 и со три бода ја почнаа новата сезона.
Мрежите мируваа во првото полувреме, резултатот го отвори Трпановски во 67. минута кога донесе водство за Шкупи од 1-0, а брзо потоа погоди и Цефас за 2-0.
Македонија Ѓорче Петров преку Скендери во 87. минута намали на 2-1 за поинтересен финиш на мечот, но гостите не успеаа да избегнат пораз.