Шкупи со два гола предност ќе патува на реваншот кај Лапи

by
0 минути читање

Вицешампионот на
Македонија со два гола предност ќе патува во Косово на реваншот кај Лапи,
вечерва избраниците на Седлоски славеа со 2-0.

Резултатот го
отвори Кире Маркоски, кој искористи една грешка на гостите во 36. минута и
погоди за 1-0.

Конечниот
резултат беше поставен длабоко во судиското надополнување, Руатубаје во 94.
минута ја затресе мрежата на Лапи и донесе 2-0.

Возвртаниот натпревар
од првото коло во Конференциската лига се игра за седум дена, а доколку Шкупи
ја сочува предноста, во второто коло ќе игра против португалска Санта Клара.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×