Шкупи со девет играчи ја победи Академија Пандев во Струмица

by
1 минути читање

Актуелниот шампион Шкупи победи во дербито на колото со Академија Пандев со минимални 1-0.

Единствениот гол на мечот го постигна Диене во 53. минута кога Шкупи веќе имаше играч помалку. Во финишот од натпреварот добија уште еден црвен картон, но резултатот не се промени.

Победа со убедливи 3-0 славеше на гостувањето кај Силекс. Головите ги постигнаа Стомнароски во финишот од првиот дел и Петејчук и Паноски во судиското продолжение од мечот.

Немаше голови на дуелите Шкендија – Брегалница и Скопје Работнички. 

Синоќа Тиквеш со убедливи 4-0 ја совлада Македонија Ѓорче Петров.

Ова коло Струга Трим Лум беше слободна.

Резултати:

Академија Пандев – Шкупи 0:1

Силекс – Победа 0:3

Шкендија – Брегалница 0:0

Скопје – Работнички 0:0

Тиквеш – Македонија ЃП 4:0

Струга ТЛ – слободна

Табела:

1. Струга ТЛ 25 (9)

2. Шкендија 16 (9)

3. Тиквеш 16 (10)

4. Шкупи 15 (9)

5. Силекс 15 (9)

6. Брегалница 12 (9)

7. Работнички 11 (9)

8. Македонија ЃП 9 (9)

9. Академија Пандев 7 (9)

10. Победа 7 (9)

11. Скопје 5 (9)

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×