Шкупи веројатно ќе биде ослабен за еден од своите најдобри фудбалери, Валид Хамиди кој не може да добие патничка виза. Чаирчани прстот го вперија во ФФМ и институциите на државата.
„Доста е. Шкупи е екипа на оваа земја. Ние како клуб во Европа ја претставуваме Република Македонија. На само еден ден пред мечот во Конференциската лига, сè уште не сме добиле патна виза за еден од нашите најважни фудбалери, Валид Хамиди. Оставени сме сами на себе во борбата да го решиме овој проблем. Ниту ФФМ, ниту некој друг функционер не се вклучи да помогне. За да се реши проблем, се вклучија Фудбалската федерација на Литванија и УЕФА, но сè уште немаме позитивен одговор. Треба добро да се разбере дека целта на ФФМ е да им служи на фудбалот и клубовите. Зошто сме оставени сами во толку важен момент? Како резултат на секое достигнување во Европа, успехот е препишан и на Република Македонија. Не разбираме зошто не му се издаде виза на Хамиди“, соопшти Шкупи.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.