184
Шкупи и Шкендија кои и оваа сезона се најсериозни кандидати за титулата, ќе играат во четвртфиналето од Купот на Македонија.
Пресметката ќе се случи на 9. ноември на стадионот во Чаир.
Вардар кој е единствен второлигаш во четвртфиналето, го доби Силекс.
Актуелниот лидер во Првата лига, екипата на Струга Трим Лум ќе игра против Брегалница, а бранителот на трофејот, Македонија Ѓорче Петров ќе се сретне со Академија Пандев.
Четвртфинале Куп на Македонија:
Шкупи – Шкендија
Силекс – Вардар
Струга ТЛ – Брегалница
Македонија ЃП – Академија Пандев
Натпреварите се играат на 9 ноември во 13 часот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.