Шкупи не успеа да направи сензација на гостувањето кај Левски, но можеше барем со реми да се збогува од Европа, сепак чаирчани не издржаа до крај, загубија со 1-0 и со вкупни 3-0 го завршија натпреварувањето во квалификациите од Конференциската лига.
На мечот имаше продолжение од дури 10 минути, а причината беше необична, повреда на главниот судија Лионел Чудин кој во 73. минута го напушти теренот. Не можеше да продолжи, па беше заменет со друг судија.
Овој прекин траеше неколку минути, имаше долго продолжение и кога се чинеше дека мечот ќе заврши без голови, во 101. минута Левски даде гол за победа од 1-0.
На овој меч немаше гостински навивачи, стадионот беше исполнет само со фанови на Левски кои повторно имаа политички кореографии и провокативни скандирања.