Шкупи поразен на контролката со Бешикташ, Седлоски се заблагодари на гостопримството (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Пријателски меч
во кој резултатот беше во втор план, а во преден искуството што ќе донесе
натпревар со актуелниот турски првак Бешикташ за Шкупи, кој во Истанбул
забележа пораз од убедливи 3-0.

Головите за домаќинот
ги постигнаа Топал, Тешеитра, односно Јалчин, а шефот на стручниот штаб на
Чаирчани, Гоце Седлоски се заблагодари на гостопримството на домаќините.

Добар натпревар
против голем клуб, му благодарам на претседателот на нашиот клуб кој ни
овозможи ваков пријателски натпревар на прекрасен стадион, заслужена победа на
Бешикташ, би сакал да им се заблагодарам за гостопримството
“ рече Седлоски за
официјалниот клупски сајт на Шкупи.

Фото: FC
Shkupi (Facebook)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани