Шкупи го доби дербито со Шкендија, Струга во финишот се спаси од пораз кај Тиквеш

by
1 минути читање

Шкупи освои три значајни бода против Шкендија на мечот кој се играше во Кичево. Алварез во 36. и Трапанковски во судиското продолжение од мечот беа стрелци на головите.

Тиквеш со гол на Мишов во 43. минута поведе против Струга со 1-0, но Кочоски во 87. минута донесе бод за актуелниот лидер.

Академија Пандев која претрпе големи промени во преодниот рок, со победа од 1-0 го почна вториот дел од сезоната. Славеа кај Македонија ЃП со 1-0 со гол на Ергемилиџе.

Работнички со 2-0 славеше кај Победа. Ѓуриќ во првото и Велкоски во второто полувреме ги постигнаа головите.

Немаше голови на мечот меѓу Брегалница и Скопје.

Ова коло слободна беше екипата на Силекс.

Резултати:

Шкупи – Шкендија 2-0

Тиквеш – Струга ТЛ 1-1

Македонија ЃП – Академија Пандев 0-1

Победа – Работнички 0-2

Брегалница – Скопје 0-0

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 38 бода (18 меча), Шкупи 37 (17), Шкендија 28 (17), Тиквеш 27 (18), Силекс 26 (17), Брегалница 22 (17), Работнички 21 (17), Македонија ЃП 20 (17), А. Пандев 15 (18), Победа 13 (17), Скопје 12 (17).

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани