60
По ремито во Загреб од 2-2, Шкупи очекува голема поддршка од трибините во реваншот за комплетна сензација против силниот противник.
Билетите ќе чинат 150 денари. ВИП влезниците за јужната трибина ќе чинат 300 денари, а ВИП влезниците за северната се 1.000 денари.
Билети ќе се продаваат на две локации. На плоштадот Скендербег и на стадионот на Шкупи во Чаир.
Денеска продажбата ќе се одвива од 15 до 20 часот, а во другите денови од 12 до 20 часот. На денот на натпреварот билети ќе можат да се купат и на Арената „Тодор Проески“ од 18 часот.