Шкупи апелира: Наши навивачи не смеат да одат во Софија на ниту еден начин!

by
1 минути читање

Поради инцидентите на првиот натпревар во Скопје, нема да биде дозволено да патуваат навивачи на Шкупи во Софија.

„Во текот на денешниот ден, на состанок меѓу официјални лица од нашиот клуб, претставници на УЕФА и членови на Министерството за внатрешни работи на Македонија, уште еднаш беше потврдено дека нема да има патување, нема да биде дозволено патување на наши фанови во Софија на ревнашот против тимот на Левски“, се вели во соопштението на Шкупи.

„На состанкот, покрај другите работи, беше кажано дека на ниту еден фан од нашата држава нема да му биде дозволено да биде присутен на стадионот, без разлика дали имаат билет за вториот меч од второто коло во Конференциската лига против Левски“.

„Документ за идентификација ќе биде баран на влезот, нема да има одделен простор за гостински навивачи“.

„Оваа информација исто така е споделена со раководството на навивачката група „Шверцери“, кои сега се свесни патување во Софија е невозможно. Како клуб уште еднаш апелираме да не се патува во Софија на ниту еден начин“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани