Скопје го победи Работнички на негов терен, Академија Пандев подобра од Брегалница

by
1 минути читање

Работнички брзо се врати на лошите резултати, овојпат загуби на свој терен од тимот на Скопје со 1-0.

Единствениот гол беше дело на Филип Јаневски во 69. минута од натпреварот.

Академија Пандев игра во одлична форма, победува на трет меч по ред, овојпат славеше над Брегалница со 2-1.

Струмичкиот тим имаше водство од 2-0 со голови на Димоски во првото и Шаркоски во второто полувреме. Брегалница во судиското продолжение преку Стојанов постигна само почесен гол од пенал.

Утре играат: Шкендија – Македонија ЃП, Шкупи – Ренова, Струга ТЛ – Пелистер и Тиквеш – Борец.

Фото: ФК Работнички

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×