Шкендија со водство од 1-0 од првиот натпревар го почна вечерашниот дуел во Велс, против Хаверфордвест.
Тетовскиот тим беше подобар и на овој меч, но во самиот финиш домаќините успеаа да дадат гол, Џенкинс погоди во 89. минута за 1-0. Идентичен резултат како и на првиот меч.
Се играа две продолженија од по 15 минути, и во нив Шкендија беше подобар противник, но не го најде патот до мрежата на противникот, па пеналите требаше да решаваат.
Шкендија одлично го почна пенал рулетот, Талески му одбрани на Хокинс, а Красничи даде гол за предност од 1-0. Но потоа до крајот на пенал серијата дури тројца играчи на Шкендија промашија, Чинари, Адили и Рамадани не реализираа.
Хаверфордвест ги доби пеналите со 3-2 и се пласираше во следното квалификациско коло од Конференциската лига, Шкендија ќе се подготвува за домашното првенство.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.