Шкендија со победа се враќа од Летонија, Дориев и Гури ѝ пресудија на Валмиера (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Шкендија одигра уште еден одличен европски натпревар и со предност ќе го почне реваншот во Скопје.

Тетовскиот тим почна одлично, со гол на Дориев уште во деветтата минута поведе со 1-0.

Предноста на Шкендија траеше се до финишот од првото полувреме кога во 45. минута од натпреварот Геј изедначи на 1-1.

Но, во второто полувреме Шкендија даде уште еден гол, овојпат погоди Гури во 63. минута, го врати водството на својот тим и донесе победа од 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани