Шкендија со гол во 90. минута го победи Тиквеш

by
1 минути читање

Шкендија дојде до трите бода против Тиквеш, но добро се испоти за да го направи тоа. Поведоа со гол на Дориев во 21. минута, а на 15. минути до крајот Вареловски изедначи на 1-1.

Се чинеше дека со овој резултат и ќе заврши мечот, но Хафиу погоди во 90. минута за победа на домаќините од 2-1.

Академија Пандев со гол на Шаркоски ја победи Струга Трим Лум со 1-0 и ја задржа втората позиција на табелата.

Македонија Ѓорче Петров и Скопје одиграа 1-1. Домаќините поведоа со гол на Хајдари уште во третата минута, изедначи Воша во 16.

Брегалница со 3-0 го победи Борец. Георгиев, Дамњановиќ и Миленковски беа стрелци на головите.

Вчера Шкупи со 2-0 го победи Работнички. А колото се затвора утре со дуелот меѓу Ренова и Пелистер.

Резултати 23. коло:

Шкендија – Тиквеш 2:1

Академија Пандев – Струга ТЛ 1:0

Македонија ЃП – Скопје 1:1

Брегалница – Борец 3:0

Утре:

Ренова – Пелистер

Вчера:

Шкупи Работнички 2:0

Табела:

1. Шкупи 55

2. Академија Пандев 45

3. Шкендија 44

4. Македонија ЃП 40

5. Брегалница 36

6. Ренова 32 (-1)

7. Работнички 31

8. Струга ТЛ 30

9. Скопје 22

10. Тиквеш 21

11. Борец 13

12. Пелистер 6 (-1)

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×