Работнички имаше водство против Шкендија уште од 28. минута со гол на Кагиму, се чинеше дека скопскиот тим ќе дојде до победа, но во судиското продолжение се случи чудо.
Дита во 91. минута изедначи на 1-1, а потоа Дашмир Елези погоди за комплетен пресврт и победа на Шкендија од 2-1.
Во Штип заврши победничката серија на Брера која загуби од Брегалница со 1-0. Заслугите за победата на штипјани одат на адреса на нивниот голман Давков кој прво му одбрани пенал на Марио Врдољак, а потоа спаси и чист гол во судиското продолжение.
Голот за Брегалница го постигна Венегас од 20-тина метри во средината на првото полувреме.
Шкупи со 3-1 го совлада Гостивар, головите ги постигнаа Хоџиќ, Сахити и Воша за чаирскиот тим, а за Гостиварци реализираше Потук.
Најмногу голови имаше на мечот меѓу Силекс и Македонија ЃП кој заврши 2-2. Нерешено беше и на дуелот меѓу Тиквеш и Воска Спорт 1-1.
Дуелот меѓу Струга и Вардар ќе се одигра дури на 1 ноември. Тој е одложен поради настапот на струшкиот тим во Европа.
ПРВА ЛИГА, 5. КОЛО (16 ЧАСОТ)
Тиквеш – Воска Спорт 1-1 (1-0)
Гасама 17 – Марушиќ 73
Брегалница – Брера 1-0 (1-0)
Венегас 27
Работнички – Шкендија 1-2 (1-0)
Кагиму 28 – Дита 90+1, Елези 90+6
Шкупи – Гостивар 3-1 (1-0)
Хоџиќ 26, Сахити 70, Воша 90+7 – Потук 64
Силекс – Македонија ЃП 2-2 (1-2)
Ѓорѓиевски 44, Калановски 82 – Алексовски 44, Скендери 45+2
Струга ТЛ – Вардар ќе се игра на 1 ноември (13 часот)
ТАБЕЛА: Брера 12, Шкендија 12 (-1), Брегалница 9, Шкупи 8, Тиквеш 7, Работнички 6, Силекс 6, Македонија ЃП 5, Струга ТЛ 3 (-3), Воска Спорт 4 (-1), Гостивар 3, Вардар 1 (-1).
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.