Шкендија продолжува во следното коло, Академија Пандев заврши со Европа

by
1 минути читање

Шкендија со предност од 2-0 отпатува во Ерменија, таквата предност ја правеше фаворит за вкупен победник и тоа се случи. Малку фалеше тетовскиот тим да дојде до уште една победа.

Ситуацијата за домаќините стана уште потешка на самиот почеток, Браво си постигна автогол во втората минута за водство на Шкендија од 1-0.

Во судиското продолжение од првото полувреме Гури постигна гол за водство на Шкендија од 2-0, веќе беше јасно кој ќе оди во следното колот.

Во второто полувреме Малакјан даде два гола и го израмни резултатот на 2-2, што беше и конечен исход на мечот.

Шкендија во следното квалификацико коло ќе игра со Валмиера од Летонија.

Академија Пандев забележа уште еден пораз од Лехија Гдањск, овојпат во Скопје од 2-1.

Можеби се ќе беше поинаку доколку струмичани ги искористија воведните шанси. Во првиот дел од мечот тие беа подобри и создадоа две одлични прилики, но не реализираа.

Казната за промашувањата стигна во 37. минута кога Гајос со прекрасен гол од далечина донесе водство за Лехија од 1-0.

Во 59. минута Митровски го изедначи резултатот на 1-1 и внесе каква таква надеж за Академија Пандев, но Лехија не дозволи да прими нов гол, а со погодок на Питрзак во 82. минута направи комплетен пресврт и дојде до победа од 2-1.

Со овој пораз Академија Пандев го заврши настапот во Европа и ќе може комплетно да се фокусира на подготовките за следната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани