Шкендија „испука“ петарда против ТНС, четири гола на Ибраими! (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Шкендија тргна
убедливо во квалификациите за Лигата на шампионите откако со 5-0 на домашен
терен го совлада ТНС, а по првото полувреме резултатот од мечот кој се одигра
во Скопје гласеше 2-0.

Емини во 14.
минута ги доведе во водство тетовските црвено-црни од 1-0, а Ибраими во 38.
минута го дуплираше водството и најави убедлива победа.

Во второто
полувреме следеше гол-шоу на најдобриот напаѓач на Тетовци, Ибраими со своите
погодоци во 53., 60., и 66. минута го декласираше ТНС, а од неговите четири постигнати гола, два беа вистинско ремек-дело, едниот од слободен удар за 4-0, другиот по една „бомба“ за конечни 5-0.

Со тоа нашиот
претставник веќе е со мислите во второто квалификациско коло каде ќе го чека
подориот од двомечот помеѓу Торпедо од Грузија и Шериф Тираспол од Молдавија.

Во првиот меч
пред своја публика, грузискиот претставник славеше со 2-1.

Шкендија својот реванш против ТНС на гостински терен го игра идниот вторник.

Шкендија: Захов, Мурати, Муслиу, Бејтулаи, Адили, Алими, Таипи (Зејнулаи 80′), Ибраими (Шефити 75′), Емини (Селмани 83′), Жуниор и Радески.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани