Шкендија и Шкупи ги добија можните противници за плејофот од Конференциската лига

by
1 минути читање

Шкендија утре го почнува квалификацискиот двобој од квалификациите во Конференциската лига, со шведскиот тим, АИК од Солна.

Доколку тетовскиот тим излезе како победник, во последното квалификациско коло за влез во групната фаза ќе игра со поразениот од дуелот меѓу Фенербахче и Словачко кои имаат дуел во квалификациите од Лига Европа.

Шкупи пак треба да испадне од Шамрок Роверс за да игра во плејофот за влез во групната фаза од Конференциската лига. Ако тоа се случи, противник ќе им биде некој од Блакани од Косово или Клаксвик од Фарските острови.

Првите натпревари од плејофот за Конференциската лига се играат на 18 август, реваншите се седум дена подоцна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани