Шкендија ги доби можните противници за првото коло од Лигата на шампионите

by
0 минути читање

Утре во 12 часот во Нион ќе почне ждрепката за квалификациите од Лигата на шампионите, оваа година Шкендија е македонскиот претставник.

Македонскиот шампион за противник ќе добие некој од АПОЕЛ (Кипар), Карабах (Азербејџан), Шериф (Молдавија), Њу Сеинтс (Велс) и Видеотон (Унгарија).

Првите натпревари од првото квалификациско коло се играат на 10 и 11 јули, реваншите се на 17 и 18 јули.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани