Шкендија брка победа против АИК за останување во Европа

by
1 минути читање

Шкендија од Шведска се врати со одличен резултат, нерешени 1-1 кај противникот кој важеше за фаворит.

Сега тетовскиот тим пред својата публика на Арената „Тодор Проески“ ќе брка победа која ќе ја однесе во плејофот за пласман во групната фаза од Конференциската лига.

Веќе го нема правилото гол во гости, па во Скопје кој ќе победи, тој ќе оди понатаму, ако е нерешено, пеналите ќе го одлучуваат патникот во следното коло.

„Очекувам поразличен меч затоа што мора да има победник. Нерешениот резултат од Шведска не ни значи ништо, во глава ни е само победа, па дури и да биде на пенали. Го познавам ривалот и сметам дека може да избориме место во плејофот“, изјави Шаќири.

Натпреварот се игра со почеток од 20 часот. Ако Шкендија го помине АИК, во плејофот ќе игра со поразениот од дуелот во Лига Европа меѓу Словачко и Фенербахче. Турскиот тим има предност од 3-0 по првиот меч, па веќе е извесно дека чешкиот тим би бил противникот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани