Скандал во Премиерлигата: Борнмут суспендираше фудбалер, се допишувал со 15 годишно девојче

by bojan
1 минути читање

Екипата на Борнмут реши да го суспендира Алекс Хименез откако на социјалните медиуми се појавија недолични пораки на фудбалерот со 15 годишно девојче.

Алекс Хименез, кој во февруари направи перманентен трансфер од Милан во Борнмут вреден околу 22 милиони евра, може да се најде во големи проблеми во Англија.

На социјалните мрежи се појавија недолични пораки на фудбалерот со 15 годишно девојче, јавноста бурно негодуваше, повика на итна истрага, а Борнмут веднаш го суспендираше играчот.

Од објавените разговори се гледа дека девојчето му кажува на Алекс Хименез дека нема 18 години, но поранешниот фудбалер на Реал Мадрид продолжува со комуникацијата, вели дека не го интересира возраст, преферира помлади девојки, како и дека никогаш претходно не бил со 15 годишно девојче.

Поради сериозноста на случајот, тој е изоставен од тимот на Борнмут, започната е интересна истрага, а се очекува своја истрага да отворат и британските власти.

ФОТО: X/AFC Bournemouth

Можно е и ова да ти се допаѓа

×