Сити и Гвардиола пропуштија да испишат историја и да урнат рекорд стар речиси 30 години (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Шампионот на Англија
немаше милост за третолигашот на првиот меч, до последниот миг бркаше десет
гола и дуелот на Етихад го добие со убедливи 9-0.

Сепак, Пеп
Гвардиола вечерва ги одмараше ѕвездите, излезе со голм број младинци, а и Манчестер
Сити не сакаше да ризикува премногу на лошиот терен на „Пирели Стадионот“, па
гостите победија со минимални 0-1 благодарејќи на погодокот на Кун Агуеро.

Па Сити и
Гвардиола пропуштија да испишат историја и да урнат рекорд стар речиси 30
години. Најголема вкупна победа во Лига купот изнесува единаесет гола. Последен тим на
кого ова му пошло е Евертон, кој во сезоната 1990/91 со 11-0 го добил двомечот со Врексам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани