Сите го „отпишаа“, а Деко порача: Може да замине, но само на позајмица

by Стефан
1 минути читање

За иднината на Ансу Фати во Барселона се пишува долго време и се тврдеше дека Барселона прави се за да се ослободи од него, но изгледа не е баш така.

Имено, спортскиот директор Деко денеска во изјава за медиумите потенцираше дека Фати може да замине само на позајмица.

Деко потети дека Фати има само 23 години и верува дека и понатаму има што да покаже.

„Ансу Фати треба да оди некаде каде што ќе игра редовно. Но, тој има само 23 години, не 30…треба да го запаметите тоа. Ако замине, ќе биде само на позајмица“, изјави Деко.

Ќе потссетиме, Фати пред неколку години силно блесна во дресот на Баррселона, но во продолжение од кариерата и повредите му правеа проблеми. Минатата сезона ја помина на позајмица во Брајтон.

Фото: Barcelona FC/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×