1,7K
Столе Димитриевски рано почна со подготовки да го импресионира Џанлуиџи Буфон кој ќе пристигне во Скопје како дел од стручниот штаб на новиот селектор на Италија, Лучано Спалети.
Македонскиот голман е дотолку импресиониран од доаѓањето на неговиот идол што си го промени идентитетот, наместо во обична облека како и сите други, тој на денешниот собир се појави во дрес на италијанскиот голман.
Се надеваме дека и со една одлична партија на голот во сабота ќе го привлече вниманието на Буфон, не само со модни умилкувања каков што беше неговиот настап денеска во хотелот.