Синот на Робињо пред преселба во Европа: Интер е фаворит, но го следат и два англиски гиганти

by Стефан
1 минути читање

Синот на славниот бразилски фудбалер Робињо, 17-годишниот Робињо Јуниор, полека го привлекува вниманието на европските гиганти и би можел да тргне по стапките на својот татко.

Младиот талент настапува за Сантос, клубот во минатото настапуваше и неговиот татко, и веќе е под лупа на скаутите на Интер, кои внимателно го следат неговиот развој.

Како што откриваат бразилските медиуми, интерес за него летово покажале и Ливерпул и Челси, но разговорите не резултирале со трансфер.

Станува збор за фудбалер кој игра како лево крило, исто како и Робињо. За сениорскиот тим на Сантос досега има шест настапи, без постигнат гол, додека за младинскиот тим до 20 години има три погодоци на девет натпревари.

Фото: r.junior.07

Можно е и ова да ти се допаѓа

×