Дарен Фергусон е во фокусот на англиската спортска јавност, откако неговото име почна да се поврзува со тренерската позиција во Лестер Сити. Иако дел од навивачите не ја прифаќаат идејата тој да седне на клупата на клубот, раководството, според британските медиуми, веќе ги интензивирало разговорите со искусниот стратег.
Синот на легендарниот Сер Алекс Фергусон во последните години работеше главно во пониските англиски лиги, а најголем белег остави во Питерборо Јунајтед, тим кој моментално настапува во Лига 1. Токму од Питерборо беше разрешен во октомври 2025 година и оттогаш е без ангажман.
Според најавите од Островот, Фергусон е заинтересиран за можноста да го преземе Лестер, особено ако се реализира очекуваното заминување на Гери Ровет, кој беше доведен како привремено решение во обид да го стабилизира тимот.
Зад Лестер е сезона за заборав. Клубот доживеа сериозен пад во формата и резултатите, па по разочарувачката кампања заврши со испаѓање во Лига 1, односно во третото ниво на англискиот фудбал.