Летонците се фаворити, но тренерот на Македонија ЃП, Горан Симов вели дека мудрата игра може да ја направи разликата.
„Добро ја анализиравме РФС, свесни сме за нивните квалитети, нивната дисциплина во игра е навистина на високо ниво, исто така индивидуално се добри. Свесни сме дека немаат пораз, затоа мора да сме мудри и силни. Противник ќе ни биде и топлото време, но нив ќе им биде уште потешко. Секоја екипа има добри и лоши страни, а ние тие лоши страни ќе се обидеме да ги искористиме за поволен резултат“, вели Симов.
„Во принцип ист е тимот, 90 отсто од фудбалерите се истите, имаме два-тројца новаци, може имаме помала конкуренција на некои позиции, но желбата за победа е иста. Имавме време да работиме некои недостатоци, во текот на мечевите може ќе се смени нашиот стил на игра, но фокусот секогаш останува за поволен резултат од овој меч по кој би имале полесна задача на реваншот“.
„Во првенство може да кикснеш, да загубиш бод-два-три, но ова се мечеви во кои може многу да добиеш, а може многу да загубиш, така да мора да бидеме мудри. Сакаме да играме фудбал, сакаме да направиме добра работа, сакаме низ добри акции да дојдеме до гол. Сѐ сакаме, тоа тренираме, но самиот меч ќе каже во кој момент ќе може да се одигра, кога дефанизвно, кога офанзивно… Ние се прашуваме доста, ама и противникот се прашува“.
Капитенот Филип Мишевски посочи дека време е РФС да загуби, зашто овој летонски тим во првенството кое се игра во календарска година во Летонија веќе 22 меча немаат пораз.
„Со нетрпение го очекуваме мечот и јасно ни е на сите дека мора да одиграме максимално и 90 минути да бидеме агресивни, ако сакаме успех. Мора да бидеме организирани и да дадеме сѐ од себе. Знаеме дека РФС нема пораз сезонава, па можеби е време ете во Скопје да го доживеат првиот“, рече Мишевски.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.