Диего Симеоне ќе стави потпис на
нов договор со Атлетико Мадрид, со кој ќе се обврзе на верност со тој клуб до
2022. година, најавува Марка, а се поизвесно е дека аргентинскиот фудбалски
стратег ќе го игнорира интересот кој го пријавува Интер.
Марка тврди дека
преговорите се во тек а обете страни се на добар пат да си подадат рака,
претходно Диарио најави дека Симеоне ќе стави потпис на нов договор со Атлетико
Мадрид кој би имал важност до 2021. година.
Актуелниот
важечки договор на Симеоне со шпанскиот прволигаш истекува идната година, на
крајот од идната сезона, а дека преговорите за продолжување на соработката
течат во позитивен правец извести и АС.
Сестрата на Симеоне,
како и негов агент, Наталија наводно имала одлични преговори со челниците на
клубот кои се согласиле на поголема плата за аргентинскиот стратег, кој
моментално заработува 22 милиони евра на годишно ниво.