Тиаго Силва не запира бразилскиот ветеран и на 40 години продолжува да пишува историја, овојпат во дресот на Флуминенсе.
Откако пред пет години пристигна во Челси и го освои трофејот од Лигата на шампионите, многумина мислеа дека кариерата му е при крај. Но, Силва сега блеска и во дресот на клубот каде што сè започна. Со капитенската лента го предводеше Флуминенсе до полуфинале на Светското клупско првенство со победа над Ал Хилал од 2-1.
„Многу сум среќен поради победата. По ваков натпревар, мислам дека сите сме. Пласманот во полуфинале на ваков турнир е големо достигнување. Сега треба да се вратиме и да се одмориме, затоа што следниот меч ќе биде тежок. Подготовката за овој натпревар не беше лесна. Игравме против тим кој има инвестирано многу во играчи. Но ние покажавме повеќе срце на теренот. Покажавме дека сме одличен тим и дека добро функционираме заедно. Бев порелаксиран со играчите. Пред натпреварот со Интер им одржав краток говор. Не бев сигурен дали воопшто треба нешто да кажам, но кажаното беше многу лично, нешто што секогаш ми е важно. Секогаш велам никогаш не оставај ништо недоискажано. Кажи им на пријателите и на семејството дека ги сакаш.
Многу лесно е да се дозволи времето да помине, а потоа може да биде предоцна за да го кажеш тоа што го сакаш. Мислам дека тоа остави ефект врз нив. Кога слушнав што се случи со Диого Жота, тоа беше првото нешто што ми дојде на ум. Не чекај до утре. Ако сакаш да направиш нешто, направи го сега. Што и да се случи, ќе бидеш во мир со себе.“, изјави Силва.
Флуминенсе сега чека на победникот од дуелот меѓу Палмеирас и Челси, клуб во кој Силва го мина последниот европски период од кариерата.
Фото: Fifa.com