Силекс со пресврт го победи Шкупи, Работнички го освои целиот плен во Ѓорче Петров

by
1 минути читање

Шкупи добро го почна натпреварот, поведе со автогол на Николиќ уште во 12. минута од натпреварот. Фудбалерот на Силекс брзо се искупи откако пет минути подоцна даде гол во вистинската мрежа и го изедначи резултатот на 1-1.

На четири минути до крајот на првиот дел Каланоски постигна гол за комплетен пресврт и водство на Силекс од 2-1.

На шест минути до крајот Шкупи остана и со фудбалер помалку откако Дарко Илиевски поради удар со лакт заработи црвен картон.

Чаирскиот тим се обидуваше до крајот, но немаше сили да го избегне вториот пораз оваа сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Работнички по тренерската смена ја крена формата, роматичарите ја забележаа втората победа по ред откако денеска со 1-0 славеа на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров.

Клучниот момент се случи по осум минути игра во второто полувреме кога Гандо со глава постигна гол за водство на Работнички од 1-0, што се покажа и како конечен резултат на мечот.

Резултати:

Силекс – Шкупи 2-1

Македонија ЃП – Работнички 0-1

Вчера

Вардар – Воска 1-2

Брера – Струга 2-1

Шкендија – Тиквеш 1-0

Гостивар – Брегалница 1-0

Табела: Шкупи 28, Шкендија 28, Струга 27, Силекс 23, Брера 19, Работнички 19, Гостивар 18, Тиквеш 16, Воска 16, Македонија ЃП 15, Брегалница 14, Вардар 11

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×