Силекс немоќен во Струга, домаќините побегнаа на „плус десет“

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Струга забележаа сигурна победа од 2-0 на домашен терен против Силекс во натпревар од 29. коло во ПМФЛ.

Кратовчани во Струга настапија со комбиниран состав, што им овозможи на домаќините да ја преземат контролата и да доминираат во текот на целиот натпревар. Резултатот беше отворен околу 20. минута кога погоди Маудо.

До полувремето мрежата на гостите се тресеше уште еднаш преку Компаоре, но погодокот беше поништен по интервенција на ВАР системот.

Сликата на теренот не се промени ниту во второто полувреме, а Струга продолжи со иницијатива и офанзива. Конечните 2-0 ги постави Малески во 57. минута.

Со овој триумф Струга се зацврсти на третата позиција со предност од десет бода, додека Силекс останува четврти и речиси сигурен на таа позиција, со оглед дека Тиквеш има 12 бода помалку на петтото место.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×