Силекс ги почна подготовките за европското лето

by 24 фудбал
0 минути читање

Вицепрвакот во мак-фудбалот за тукушто завршената сезона Силекс ќе биде еден од четирите претставници на Македонија во Европа.

Кратовчани ќе настапат во првото претколо на Конференциската лига на УЕФА, па поради тоа како и останатите европски претставници подготовките ги стартуваат доста рано. Силекс „ги запали моторите“ и почна да тренира во Кратово. Тимот на Александар Васоски ќе тренира една седмица во Кратово, а потоа ќе замине на главниот дел од подготовките.

Претходно Силекс ќе го дознае ривалот со кој ќе се судри во првото квалификациско коло на Конференциската лига, а потоа и потенцијалниот противник во втората рунда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×