13
Освојувачот на македонскиот куп, Силекс се засили со двајца фудбалери за следната сезона, Есмир Хасукиќ и Нихад Шеро од Босна и Херцеговина, пишува босански „СпортСпорт“.
Хасукиќ се сели во Кратово од редовите на Гошк Габела за кој одигра 19 натпревари, а притоа постигна 13 голови и две асистенции.
Шеро доаѓа во Силекс по одлична полусезона со Челик за кој настапи на 24 меча, а притоа постигна осум голови и две асистенции.
Силекс минатата сезона ја заврши со трофеј во Купот на Македонија, во Првата лига го освои четвртото место.