„Си биле Нигериец, Грузиец и Македонец… и го водат Наполи кон скудетото“

by
2 минути читање

Во минатото во составот на Наполи доминирале играчи од Јужна Америка. Последното Скудето им го донесе Марадона. Но, сега е поинаку, јужноамериканци речиси и да нема, а оние кои се, не се во главна улога.

Тројцата најдобри стрелци на Наполи оваа сезона се Осимен, Кварацхелија и Елмас. Па италијанскиот новинар, Паоло Зиалини се пошегува.

„Си биле Нигериец, Грузиец и Македонец… На почетокот ви делува како шега, ама… Епа, тие тројца го водат Наполи кон скудетото“, вели Зилиани.

Весникот „Ил Матино“ направи споредба на овој тим со поранешните тимови на Наполи, особено тој во периодот на Марадона.

„Кога ќе го споредувате Наполи од ерата на Марадона, со актуелниот тим, главно е што Наполи повеќе не е јужноамерикански. Не се базира на индивидуализмот како во минатото (Марадона сам донесе две титули), а влијанието на јужноамериканскиот стил го нема толку. Наспроти тоа имате таков космоплитски клуб во кој се темели на Нигериец (Осимен), Грузиец (Кварацхелија), Македонец (Елмас), Словак (Лоботка), Косовец (Рахмани), Камерунец (Ангиса)… Јужноамериканци има во Наполи, Лозано (Мексико), Симеоне (Аргентина) и Жуан Жесус (Бразил), но тие се резерви и затоа го нема тој тренд на јужноамериканскиот стил како основа за успех“, пишува италијанскиот весник.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани