Швајцарија не можеше со играч помалку, Аргентина победи за полуфинале! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Аргенина со 3-1 ја победи Швајцарија во меч со продолженија, резултатот во регуларниот тек беше 1-1. Швајцарците речиси еден час играа со фудбалер помалку.

Аргентинците поведоа рано, Мекалистер постигна гол со глава уште во десетата минута за водство од 1-0.

Тој резултат долго беше актуелен, се до 67. минута кога по една убава акција Ендоје даде гол за израмнување на 1-1.

Пет минути подоцна Швајцарија остана со фудбалер помалку. Емболо доби втор жолт поради симулација на средината на теренот, Швајцарците останаа со фудбалер помалку.

Аргентина не успеа да ја искористи оваа предност во текот на регуларните 90 минути, па мечот отиде во продолженија.

Во 112. минута Алварез постигна прекрасен гол и ја врати предноста на Аргентина од 2-1.

Пред самиот крај на мечот погоди и Лаутаро Мартинез за конечни 3-1.

Во полуфиналето Аргентина ќе игра против Англија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×