Мохамед Салах денеска пристигна во Турција за да го комплетира трансферот во Трабзонспор, а на првите промотивни фотографии беше откриено дека напаѓачот ќе го носи дресот со број 61.
По заминувањето од Ливерпул, Мохамед Салах реши да ја продолжи кариерата во Турција, но наместо во гигантите од Истанбул, тој на големо изненадување ја прифати понудата на Трабзонспор.
Напаѓачот денеска пристигна во Турција за да го комплетира трансферот, а првите промотивни фотографии донесоа ново изненадување, беше откриено дека Мо Салах ќе го носи дресот со број 61.
Египјанецот долги години во Ливерпул го носеше легендарниот број 11, но причината за одлуката е поврзана со градот Трабзон – бројот 61 е официјалниот код за покраината и со години претставува симбол на локалниот идентитет.
За навивачите на Трабзноспор, „61“ е повеќе од обичен број, тој се користи како знак на гордост и припадност, се појавува во имиња на бизниси и интернет профили, а дресот на клубот со овој број има посебна вредност за локалниот фанови.
𝐒𝐚𝐥𝐚𝐡 𝐌𝐨𝐝𝐞: ON 🔥 pic.twitter.com/mqi1DLa9DH
— Trabzonspor (@Trabzonspor) August 5, 2026
📸 Mohamed Salah, İstanbul’da! ❤️💙#SalahIsComing pic.twitter.com/FYgB5svYmy
— Trabzonspor (@Trabzonspor) August 5, 2026