Шпанија во финалето вечерва може да постави нов рекорд во светскиот фудбал!

by Стефан
1 минути читање

Шпанија вечерва од 21:00 часот ќе води битка против Аргентина во големото финале на Светското првенство, а според прогнозите во мечот влегува како благ фаворит за освојување на втората светска титула во својата историја.

Покрај шампионскиот трофеј, „црвената фурија“ има можност да испише и нова страница во фудбалската историја. Доколку не загуби во регуларните 90 минути, шпанската селекција ќе стигне до 38 последователни официјални натпревари без пораз, со што ќе постави нов светски рекорд.

Во полуфиналето Шпанците ја совладаа Франција со 2-0 и ја продолжија серијата на 37 натпревари без пораз, израмнувајќи го досегашниот рекорд на Италија, остварен во периодот од 2018 до 2021 година.

Сега пред избраниците на шпанскиот селектор Де Ла Фуенте е можност не само да ја освојат светската круна, туку и да постават историски рекорд.

Во рамките на оваа импресивна низа, Шпанија веќе ја освои европската титула во 2024 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×