Шпанија ја победи Франција во спектакл со девет голови! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Шпанија со 5-4 ја победи Франција во вториот полуфинален натпревар од Лигата на нации и за пехарот ќе се бори против својот сосед, Португалија.

Вистински спектакл се случуваше во Штутгарт каде се играше овој полуфинален меч.

Резултатот го отвори Нико Вилијамс во 22. минута, а само три минути подоцна Мерино даде гол за водство на Шпанија и од 2-0.

Во финишот од првиот дел Хујсен даде убав гол, но му беше поништен поради офсајд.

Голеадата продолжи по девет минути игра во вториот дел кога Ламин Јамал од пенал зголеми на 3-0, а веќе во следната минута Педри даде гол по една одлична акција за 4-0.

Брзо потоа беше досуден пенал и за Франција кој го реализираше Мбапе за 4-1.

Јамал даде уште еден гол, овојпат погоди од игра во 67. минута за предност на Шпанците од 5-1.

Во 79. минута Черки даде спектакуларен гол за 5-2, а пет минути подоцна Вивиан си даде автогол за 5-3.

Течеше третата минута од судиското продолжение кога по асистенција на Черки, Коло Муани погоди со глава за 5-4.

Французите имаа уште некоја минута до крајот, но не успеаа да дадат уште еден гол за уште полуд финиш на мечот.

Шпанија во финалето ќе игра против Португалија, а Франција со Германија ќе се бори за третото место.

Фото: X/Selección Española Masculina de Fútbol

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани