Лидс освои три огромни бода во трката за опстанок откако вечерва славеше на гости кај Манчестер јунајтед со 1-2, за „белите“ ова беше прва лигашка победа на Олд Трафорд по 1981 година.
Последниот натпревар од 32. коло во Премиерлигата донесе големо изненадување, Лидс го совлада Манчестер јунајтед.
Гостите одлично го отворија мечот, Калверт Луин не реализираше одлична шанса, но за тоа Окаор донесе 0-1 по пет минути игра.
„Ѓаволите“ тешко се опоравуваа од шокот, Лидс притискаше па по половина час игра поведе и со 0-2, Окафор погоди од врвот на шеснаесетникот.
По десетина минути игра во второто полувреме, Лисандро Мартинез доби црвен откако го повлече за коса Калверт Луин, но ова само дополнително ги мотивираше домаќините, кои преку Касемиро намалија на 1-2.
И со играч помалку, момците на Керик напаѓаа и имаа неколку добри шанси, малку фалеше Касемиро по втор пат да се запише во листата на стрелци, но Калверт Луин расчити на гол линијата.
Па на крајот Лидс се радуваше на првата лигашка победа на Олд Трафорд по 45 години, и освои три огромни бода во трката за опстанок, сега иа +6 во однос на Тотнем.
Манчестер јунајтед останува на третата позиција на табелата со 55 бода, исто колку што има и Астон Вила, три повеќе од Ливерпул и седум повеќе од Челси.
ФОТО: X/Leeds United